Прескокни до контентот Прескокни до футерот

За нас

Lumio Lights – Светлина што раскажува приказна

Уникатност

Во свет преплавен со сериско производство и едноличност, Lumio е создаден за да ја врати магијата на она што е уникатно. Веруваме дека светлината може да буди чувства. Да раскажува Поезија. Да биде Лична.

Веруваме дека ламбата може повеќе од тоа да ја осветли просторијата - може да го инспирира срцето, да разбуди спомени и да ве поврзе со бескрајот .

Инспирација

Сè започна на нашиот меден месец во Маурициус

Здраво од нас – Бојана и Никола, душата зад Lumio Lights.

Ние сме креативен пар од Македонија – талентиран продукт дизајнер и програмер со страст за детали. Она што не спои – покрај љубовта – беше заедничката љубопитност за дизајн, светлина и убавините во светот.

Патувајќи низ светот, секогаш баравме нешто што ќе не воодушеви. На нашиот меден месец во Маурициус, налетавме на едно скриено мало дуќанче… и на нешто волшебно. Таму го запознавме Симон Р. Дориа и ги видовме ламбите што ни ги осветлија срцата.

Од тој момент, Lumio Lights почна да живее во нас – како идеја, како чувство, како мисија. Денес, тие исти ламби што нè воодушевија, се тука за да го допрат и вашето срце.

Приказна изработена со раце

Во Lumio Lights, не создаваме само ламби – туку раскажуваме приказни низ светлина

Спој од италијанска елеганција и индиски занает, секое Lumio парче е омаж на различноста. Секоја ламба е рачно создадена – неповторлива, како и секоја душа што и дава место во својот дом.

Нашите колекции се многу повеќе од декор – тие се порти кон волшебни градини, одек од далечни галаксии и шепот од митски светови. Од ѕвездени патувања до цветни полиња – секое семејство ламби носи своја приказна, подготвена да го осветли вашиот простор со длабочина и чувство.

Каде што Земјата се поврзува со ѕвездите

Без разлика дали се работи за нежните ливчиња на „White Daisy“, самракот на „Sunset“ или космичката елеганција на „Venus“ - секоја Lumio ламба е покана да зачекорите во свет на восхит - и да го донесете тој свет со себе, дома.

Добредојдовте во Lumio Lights - каде вашата приказна добива светлина.

Hotspot image
Gemini
Gemini
2390 ден 4650 денОпсег на цени: 2390 ден до 4650 ден
Open
Gemini
Gemini
2390 ден 4650 денОпсег на цени: 2390 ден до 4650 ден
Open

Cosmic колекција

Светла родени од ѕвездена прашина, небули и планетарни соништа.

Hotspot image
Flower Garden
Flower Garden
2690 ден 5150 денОпсег на цени: 2690 ден до 5150 ден
Open
Flower Garden
Flower Garden
2690 ден 5150 денОпсег на цени: 2690 ден до 5150 ден
Open

Nature колекција

Светла инспирирани од цвеќиња, океани и поезијата на Земјата.

0
0

Test

E-mail
Лозинка
Потврдете лозинка