Друштво за трговија и услуги ЛУМИО ЛАЈТС ДОО увоз-извоз Скопје, со седиште на ул. Ташко Караџа бр. 11/1-8, со e-mail адреса: (info@lumiolights.mk), кое е заведено во Регистарот на деловни субјекти на 04.03.2025 година со матичен брoj: 7830823, ЕДБ: 4043025540439, регистрирана дејност 47.550 – Трговија на мало со мебел, опрема за осветлување, кујнски
садови и прибор и други производи за домаќинството (во натамошниот текст: „Лумио Лајтс, Lumio, Lumio Lights или Ние“), ја почитува и заштитува физичката приватност на секое лице (корисници на платформата, потенцијални корисници, претставници на продавачи или други лица чии лични податоци ги собира и обработува.
Собирањето, обработката и чувањето на личните податоци Лумио Лајтс го врши во согласност со Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“, бр. 42/20 и 294/21) (во натамошниот текст: „Закон, Закон за заштита на лични податоци“) .
Ние во Лумио Лајтс освен за изборот на производите кои ги нудиме, сме целосно посветени и се грижиме за Вашето право да бидете информирани во однос на обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и ги користите нашите услуги како и за Вашето право на заштита на лични податоци.
Ве информираме дека Лумио Лајтс ДОО Скопје ги презема сите расположливи технички и организациски мерки, сè со цел да обезбедиме заштита на личните податоци кои Вие ги споделувате доброволно со нас.
Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност и целосно да се запознаете со содржината на истата пред да ја дадете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци.
За цел полесно дефинирање на поимите во оваа политика за приватност ќе се водиме според тоа како истите се дефинирани и во самиот Закон за заштита на лични податоци.
1. Дефиниции
-
“Личен податок” е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице.
-
“Обработка на лични податоци” е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.
-
“Ограничување на обработката на личните податоци” е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина.
-
“Контролор” е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.
-
“Обработувач на збирка на лични податоци” е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.
-
“Корисник” е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.
-
“Трето лице” секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект на лични податоци, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците.
-
“Согласност” на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субјектот на личните податоци, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.
-
“Директен маркетинг” е секој вид на комуникација остварена на било кој начин според најновите технолошки достигнувања, а со цел испраќање на рекламна, маркетиншка или пропагандна содржина која е насочена директно до одреден субјект на личните податоци, како и обработка на лични податоци која вклучува и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со овој вид на комуникација.
2. Контролор и Офицер за заштита на лични податоци
Контролор за лични податоци:
Лумио Лајтс ДОО Скопје
ул. Ташко Караџа бр. 11/1-8
1000 Скопје
Телефон: 078 953 853
E-mail: support@lumiolights.mk
Веб страна: www.lumiolights.mk
Офицер за заштита на лични податоци:
Даница Арсеновска
Телефон: 070 274 753
E-mail: support@lumiolights.mk
Веб страна: www.lumiolights.mk
3. Принципи на обработка на лични податоци
Имај на ум дека, во секое време, при собирање, обработка и складирање на твоите лични податоци, ние постапуваме на следниов начин:
а) Личните податоци ќе се обработуваат согласно со закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на субјектот на личните податоци („законитост, правичност и транспарентност“),
б) Личните податоци ќе се собираат за конкретни, јасни и легитимни цели определени во оваа Политика за приватност и нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели. Натамошната обработка за цели на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели, во согласност со членот 86 став (1) од Законот, нема да се смета дека не е во согласност со првичните цели за кои се собрани личните податоци („ограничување на целите“),
в) Личните податоци ќе бидат соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои се обработуваат („минимален обем на податоци“),
г) Личните податоци ќе бидат точни и каде што е потребно ажурирани, при што ќе ги преземеме сите соодветни мерки за навремено бришење или корегирање на податоците што се неточни или нецелосни, имајќи ги предвид целите заради кои биле обработени („точност“),
д) Личните податоци ќе се чуват во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци. Личните податоци може да се чуваат подолго од нивниот рок на чување ако се обработуваат само за целите на архивирање од јавен интерес, за научни или историски истражувања или за статистички цели во согласност со членот 86 став (1) од Законот, а со применување на соодветни технички и организациски мерки согласно со Законот, заради заштита на правата и слободите на субјектот на личните податоци („ограничување на рокот на чување“),
ѓ) Личните податоци ќе се обработуваат на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки („интегритет и доверливост“).
4. Основ и цели за обработка и категории на лични податоци кои ги обработуваме
Вашата согласност е основ за обработка на Вашите лични податоци кои ги споделувате со Лумио, односно Вие ни давате согласност за обработка на Вашите лични податоци во делот: Моја сметка, Зачлени се, Регистрација, Најава, Контакт, претплата на е-билтен и на останатите делови на веб-страницата, а со цел процесирање на извршени нарачки, маркетинг активности доколку истото е одобрено од страна на корисникот, техничка оптимизација и мониторирање на веб-страницата, како и да одговориме на поставените прашања во делот за контакт.
Освен Вашата согласност за обработка на личните податоци, кога станува збор за враќање или замена на производи, основ за обработка на Вашите лични податоци е и обврската која ја имаме согласно закон.
Лумио ги собира следните категории на лични податоци:
Во делот Мој профил, Регистрација се собираат следниве податоци:
- Име и презиме
- Адреса
- Телефонски број
- Други доброволни информации оставени од корисници кои може да имплицираат личен податок
- IP адреси
- Технички податоци при секоја посета како оперативен систем, browser, локација според интернет провајдер, уред
Во делот Регистрирај се, Наплата, се собираат следниве податоци:
- Име и презиме
- Адреса
- Телефонски број
- Други доброволни информации оставени од корисници кои може да имплицираат личен податок
- IP адреси
- Технички податоци при секоја посета како оперативен систем, browser, локација според интернет провајдер, уред
Во делот Најава, се собираат следниве податоци
- Лозинка
- IP адреси
- Технички податоци при секоја посета како оперативен систем, browser, локација според интернет провајдер, уред.
Вашите податоци се споделуваат со трети страни/екстензии како Google, MailChimp, Facebook и соодветно на тоа подлежат на политиките за приватност на самите провајдери:
- Google: https://policies.google.com/privacy
- Facebook: https://www.facebook.com/policy.php
- MailChimp: https://mailchimp.com/legal/privacy/
5. Купување вредносни ваучери
Лумио нуди различни видови на вредносни ваучери, кои може да ги подарите на други лица.
За оваа услуга корисникот со Лумио ги споделува следниве лични податоци:
Име и презиме на купувачот на вредносниот ваучер, e-mail адреса на купувачот на ваучерот.
Покрај овие податоци корисникот на услугата потребно е да сподели со Лумио и податоци и за лицето за кое е наменет вредносниот ваучер.
Име и презиме, e-mail, телефонски број и адреса за лицето за кое е наменет вредносниот ваучер на кого корисникот сака да го подари истиот како и други доброволно дадени податоци од страна на нарачателот.
Податоците на лицето за кое е наменет вредносниот ваучер ќе бидат обработувани само за да се реализира нарачката на вредносниот ваучер и нема да бидат користени за други активности без согласност на лицето за кое е наменет вредносниот ваучер.
6. Рок за чување на личните податоци
Вашите податоците се зачувуваат на сервер кој има firewall, SSL енкрипција и регуларно се скенира за malware и се задржуваат сè до исполнување на целта за која што се дадени.
Односно сè дури корисникот не достави барање за бришење на податоците или истите не се во согласност со законските одредени рокови за чување на даден тип на податоци предвидени според интерните политики за чување на лични податоци на Лумио Лајтс ДОО.
7. Плаќање на Lumio Lights
Кога купувате на нашата веб-страница, секогаш се обидуваме безбедноста на податоците да е на највисоко ниво. Трансакциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на Комерцијална банка АД Скопје и во моментот кога го извршувате плаќањето и ги внесувате податоците, истите се комуницираат користејќи HTTPS безбедносен протокол со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија.
Имајте во предвид дека бројот на платежната картичка и бројот CVV2 или CVC не се обработени од Лумио во никој случај туку истите се процесираат од страна на Комерцијална Банка АД Скопје.
8. Достава на вашите нарачки
За достава на Вашите нарачки Лумио користи лиценцирани партнери.
Со овие деловни соработници Лумио има склучено договор за соработка, и соодветно како Лумио и овие наши деловни соработници, кои во овој случај се јавуваат како обработувачи на Вашите лични податоци, ги преземаат соодветните технички и организациски мерки за заштита.
9. Колачиња
Веб страната www.lumiolights.mk користи колачиња.
„Колаче“ е датотека што содржи идентификатор што се испраќа од веб -сервер до веб -прелистувач и се чува од прелистувачот. Идентификаторот потоа се испраќа назад до серверот секој пат кога прелистувачот ја бара страница од серверот.
Колачињата може да бидат „постојани“ колачиња или колачиња за сесија: постојани колачиња кои ќе се чуваат од страна на веб-прелистувач и ќе останат валидни до поставениот датум на истекување, освен ако корисникот не ги избрише пред датумот на истекување; колаче за сесија, од друга страна, ќе истече на крајот на корисничката сесија, кога веб-прелистувачот е затворен.
Колачињата може да не содржат информации што лично го идентификуваат корисникот, но личните податоци што ги чуваме за Вас може да бидат поврзани со информациите зачувани и добиени од колачиња.
Повеќе детали се прикажани во нашата Политика за колачиња.
10. Вашите права како субјект на заштита на лични податоци
Како субјект на заштита на личните податоци Вие имате:
-
право да бидете информирани за обработката на Вашите личните податоци
-
право на пристап до Вашите личните податоци
-
право на исправка на Вашите личните податоци
-
право на бришење на Вашите личните податоци
-
право на ограничување на обработката на Вашите личните податоци
-
право на приговор во однос на обработката на Вашите лични податоци
-
право на повлекување на согласноста дадена на Лумио за обработка на Вашите лични податоци
Во однос на остварување на Вашите права може во секое време да не контактирате преку нашиот Офицер за заштита на лични податоци, како и преку e-mail адресата или контакт формата на Lumio.
11. Почитување на Законот за заштита на лични податоци
Доколку сметате дека Лумио Лајтс на било кој начин не ги обработува вашите лични податоци согласно одредбите предвидени во Законот за заштита на лични податоци имате право да се обратите до:
Агенција за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија
Бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 Скопје
www.dzlp.mk
info@privacy.mk
12. Промена на политиката за приватност на Лумио
Политиката за приватност на Лумио може да се менува и дополнува соодветно на потребите кои ќе се појават од активностите и услугите кои се нудат.
Последна промена на: 04.08.2025