1. Општи одредби
Оваа интернет страница (www.lumiolights.mk) е во сопственост на ЛУМИО ЛАЈТС ДОО Скопје и е наменета за пребарување и купување на производи и услуги, која може да ја користат сите правни и физички лица над 18 години.
Со посетата на оваа интернет страница се согласувате и сте обврзани да ги почитувате овие Услови за користење па затоа пред да ја користите нашата интернет страница ве молиме внимателно да ги прочитате.
ЛУМИО ЛАЈТС ДОО Скопје не презема никаква одговорност доколку корисникот не ги прочитал овие услови за користење и не ги применува истите.
Доколку не се согласувате со било кој дел од условите за користење ве молиме веднаш да ја напуштите оваа интернет страница и да прекинете да ги користите услугите кои се нудат.
Овие услови за користење може да се променат во било кое време, без претходно известување.
Во овие услови за користење, под терминот „корисник“ на оваа интернет страница се сметаат посетителот и купувачот, а кои ги имаат следните значења:
(i) Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на интернет страницата www.lumiolights.mk и ја разгледува понудата на производи и/или услуги.
(ii) Купувач е физичко лице над 18 години или правно лице кое преку интернет страницата нарачува и купува производи и/или услуги од понудата на ЛУМИО ЛАЈТС ДОО Скопје на интернет страницата www.lumiolights.mk.
За корисникот кој стапува во деловен однос со ЛУМИО ЛАЈТС ДОО Скопје се применуваат овие услови за користење, како и позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.
2. Понуди, цени и плаќање
Сите понуди и цени достапни на интернет страницата може да се променат во било кое време, без претходно известување.
ЛУМИО ЛАЈТС ДОО Скопје го задржува правото да ги менува понудите и цените и за промотивни цели за неодреден период, без претходно известување.
Рокот за плаќање е веднаш при пласирање на нарачката.
Нарачката нема да се смета за извршена доколку не е извршена трансакцијата за плаќање.
Трансакциите за плаќање се процесираат преку платежен процесинг систем на Комерцијална Банка АД Скопје.
За сигурноста на направените трансакции за плаќање гарантира овластената банка.
ЛУМИО ЛАЈТС ДОО Скопје нема било каква одговорност за штета која може да му биде нанесена на корисникот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на електронска платежна картичка, односно доколку плаќањето е извршено без знаење и согласност на сопственикот или доколку е украдена, и ЛУМИО ЛАЈТС ДОО Скопје нема обврска да изврши враќање на уплатените средства.
3. Политика на испорака на производите
Испораката се врши на адресата што е наведена од корисникот при нарачката.
Корисникот мора да обезбеди точна адреса и доволно насоки за испораката да биде извршена од Лумио Лајтс ДОО Скопје преку лиценциран партнер за достава или некој од вработените во фирмата.
Во случај производите да не бидат испорачани или да дојде до доцнење по вина на корисникот, Лумио Лајтс ДОО Скопје нема обврска да ги врати уплатените средства.
Испораката во Скопје е бесплатна за нарачки над 3000 денари. Во спротивно, се наплаќа фиксна сума од 150 денари.
Освен за испорака во Скопје, испораката во другите делови на Македонија се наплаќаат со фиксна сума од 150 денари, а испораките до Косово со фиксна сума од 300 денари, без разлика на износот на нарачката.
Проценетото време за испорака е од 2-15 дена.
Доколку се нарачани повеќе производи со различно време на испорака, времето на испорака ќе се пресмета според производот со најдолгото проценето време.
Лумио Лајтс ДОО Скопје го задржува правото да испорача производи и по истекот на проценетото време на испорака, во случаи кога доцнењето е предизвикано од пречки, настани или околности кои не можеле да се избегнат и покрај преземените разумни мерки.
При испорака, лицето што ја прима нарачката е должно да ги прегледа производите во присуство на доставувачот и да ја потпише испратницата доколку нарачката е комплетна и точна.
4. Политика за враќање на производи и рефундирање на средства
Корисникот или трето лице кое ја примило нарачката од ЛУМИО ЛАЈТС ДОО Скопје има право да врати производи во рок од 15 дена од приемот, под услов да се некористени, неоштетени и во нивното оригинално пакување од ЛУМИО ЛАЈТС ДОО Скопје, вклучувајќи ја целата амбалажа и безбедносните етикети — освен за одредени производи кои се предмет на дополнителни услови согласно Условите за користење.
Производите мора да се вратат некористени, неоштетени и во целосното оригинално пакување, вклучувајќи ги сите елементи како што се сијалици, кабли, (картички), етикети и безбедносни пломби.
Трошоците за враќање на производите ги сноси корисникот или третото лице кое ја примило испораката, освен ако не е утврдено дека производот е погрешно испорачан или е со недостаток по вина на ЛУМИО ЛАЈТС ДОО Скопје.
Во случај на враќање на производи и барање за поврат на средства од страна на корисникот, износот ќе биде вратен на банкарската сметка од која е извршена уплатата во рок од 14 дена од денот кога вратените производи ќе бидат примени од Лумио Лајтс ДОО Скопје.
5. Решавање на спорови
Овие услови за користење ќе се раководат и толкуваат во согласност со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија.
Секој спор или барање кое може да произлезе од или во врска со услови за користење или во врска со нивното спроведување, страните ќе се обидат да го решат спогодбено. Во спротивно, надлежен е Основниот граѓански суд Скопје.